Брисел
Србија
Студентската листа
Европска Унија
Европскиот комесар за проширување
Европска комисија
Европски парламент
Наместо традиционална честитка до победниците на српските избори, словенечкиот премиер Јанез Јанша испрати остра порака со ултиматум до Белград. Соопшти дека Словенија нема да даде согласност за никаков европски напредок на Србија сè додека целосно не ѝ ги предаде на словенечките власти сите архиви на УДБА, СДВ, ЈПА, ЗСНЗ и другите поранешни служби на поранешна СФРЈ кои се однесуваат на Словенија. Слушајте радио во живо.
Словенија би ја поздравила евентуалната одлука на новите власти во Србија да ги забрзаат преговорите за членство во Европската унија, но Љубљана за тоа има конкретен услов – предавање на архивската документација на поранешните југословенски служби што се однесува на Словенија. Ова го соопшти словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој на социјалната мрежа „X“ наведе дека Љубљана нема да даде согласност за напредокот на Србија во европските интеграции сè додека не ѝ бидат предадени сите релевантни документи од архивите на поранешните југословенски институции. Јанша појасни дека барањето се однесува на документацијата на неколку поранешни југословенски безбедносни и воени структури.
Ќе ја поздравиме секоја одлука на новите власти во Србија за забрзување на преговорите за пристапување во Европската унија, изјави во понеделник словенечкиот премиер Јанез Јанша, откако Студентската листа оствари убедлива победа на парламентарните избори во Србија во неделата, но ја услови својата поддршка со споделување на архивите на УДБА поврзани со Словенија. „Ќе ја поздравиме секоја одлука на новите власти во Србија за забрзување на преговорите за пристапување во ЕУ“, напиша Јанша на социјалната мрежа X. „Сепак, нема да дадеме согласност за никаков напредок сè додека Србија не ѝ ги предаде на Словенија сите архиви на тајната полиција на УДБА, Службата за државна безбедност, ЈНА, Сојузниот секретаријат за внатрешни работи и другите служби на поранешна СФРЈ што се однесуваат на Словенија“, додаде Јанша, кој сподели и објава од писателот Игор Омерза. Во објавата, тој ја цитираше изјавата на комесарката за проширување на Европската комисија, Марта Кос, која во неделата по победата на студентите во Србија изјави дека вратите кон ЕУ се отворени.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека ќе ја поддржи евентуалната одлука на новите српски власти за забрзување на европските интеграции, но дека клучен услов ќе биде официјален Белград да ја достави целата архива на Удба поврзана со Словенија. „Ќе ја поздравиме евентуалната одлука на новите српски власти за забрзување на преговорите за пристапување кон Европската Унија. Но, нема да дадеме согласност за никаков напредок сè додека Србија не ѝ ги испрати на Словенија сите архиви на Удба, Службата за државна безбедност, Југословенската народна армија, Сојузниот секретаријат за внатрешни работи и другите поранешни служби на СФРЈ, кои се однесуваат на Словенија“, напиша Јанша на својот профил на социјалната мрежа Икс.
Победата на Студентската листа на парламентарните избори создаде необична институционална ситуација во Србија. Додека Ана Брнабиќ ја извршува функцијата претседател на Републиката по оставката на Александар Вучиќ, новото парламентарно мнозинство може наскоро да избере нов претседател на Собранието, кој автоматски ќе стане и нов вршител на должноста претседател на државата. Од брзината на конституирањето на парламентот директно ќе зависи кој ќе ги распише претседателските избори и кој ќе го предложи мандатарот за новата српска влада.
Граѓаните на Србија излегоа на гласачките места во историски голем број за да го искажат својот глас, гласачите ѝ дадоа на идната влада силен мандат за промени, а сега очекуваме дека тоа ќе биде спроведено во пракса, според заедничката изјава денес на високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, и комесарката за проширување, Марта Кос. Фактот дека главните учесници во изборите брзо ги признаа изборните резултати ја покажува нивната посветеност на непречен развој на демократскиот процес. Официјалната потврда на изборните резултати треба да овозможи уредна транзиција, како и итно формирање на парламентот и владата, со цел справување со клучните предизвици со кои се соочува Србија.
Резултатот од изборите во Србија отвора можност за напредок на земјата на патот кон Европската Унија – изјави денеска портпарол на Европската комисија (ЕК) на прес-конференција во Брисел, одговарајќи на новинарски прашања. Србија припаѓа на европското семејство и ќе работиме со идната српска влада исто како што работиме со секоја друга демократски избрана влада – додаде портпаролот. Тој нагласи дека Европската комисија е подготвена да соработува со следната српска влада за поддршка на реформите во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и зајакнувањето на демократските институции.
„Граѓаните на Србија во неделата (25 октомври) излегоа на предвремените парламентарни избори во историски број за да се слушне нивниот глас. Гласачите ѝ дадоа на новата влада силен мандат за промени. Со нетрпение очекуваме да видиме како тоа се реализира во пракса“, се вели во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос објавена денеска . „Брзото признавање на изборните резултати од страна на главните учесници покажа посветеност на непречен демократски процес.
Црна Гора утре, на Меѓувладината конференција со Европската Унија, привремено ќе затвори уште две преговарачки поглавја, соопшти денеска министерката за европски прашања Маида Горчевиќ. Таа во црногорскиот Парламент изјави дека добила потврда од Брисел дека ќе бидат затворени поглавјето 1, кое се однесува на слободното движење на стоки, и поглавјето 12, кое ги опфаќа безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика. „Верувам дека, кога зборуваме за успесите на оваа влада и на цела Црна Гора, можеме да кажеме дека тие само се нижат“, изјави Горчевиќ , одговарајќи на пратенички прашања.
Во среда, заедно со извештајот за напредокот на земјите во процесот на проширување на Европската Унија, Европската комисија ќе објави насоки што содржат временска рамка и конкретни чекори за завршување на пристапните преговори на Црна Гора, која досега најмногу напредуваше на патот кон членство. Според планот на Европската комисија, Црна Гора треба да ги затвори сите преостанати 12 преговарачки поглавја до крајот на оваа година. Планирано е шест поглавја да бидат затворени во текот на ноември, додека преостанатите шест треба да бидат затворени во декември, пренесува загрепскиот „Јутарњи лист“, кој имал увид во нацртот од документот.
Црна Гора е на пат да стане 28-ма членка на ЕУ во 2028 година. Србија назадувала со евроинтеграциите, но сега има шанса за нов почеток. Ова го порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос, од Брисел претставувајќи го пакетот за проширување.
Црна Гора би можела да ги заврши преговорите за пристапување до крајот на оваа година и да потпише договор за пристапување во јуни следната година, Албанија би можела да ги затвори сите поглавја до крајот на следната година, а Молдавија и Украина до крајот на 2028 година, објави Европската комисија во средата во извештајот за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија. „Напредокот на овие четири земји покажува дека напредокот кон членство во ЕУ зависи од политичката волја и политичките избори. Секоја земја кандидат може да се приклучи на групата земји кои постигнуваат брз напредок“, рече комесарката за проширување Марта Кос, презентирајќи го извештајот за проширување пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
Каја Калас, високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, изјави дека годишниот извештај за проширувањето, усвоен денес од Европската комисија, испраќа јасна порака: реформите даваат резултати. На прес-конференција, таа истакна дека состојбата со европската безбедност значително се влошила во споредба со извештајот од минатата година. Таа укажа на интензивирање на војната, стратешка конкуренција и економска неизвесност, напоменувајќи дека има мала надеж за крај на конфликтот во Украина, додека нападите во „сивата зона“ и актите на саботажа против Европа се во пораст.
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска во Европскиот парламент ќе го претстави Пакетот за проширување на Европската унија за 2026 година. Документот ги опфаќа извештаите на Европската комисија за напредокот на десет земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ, со посебен акцент на спроведувањето на реформите и исполнувањето на европските стандарди. По објавувањето на извештаите, постојаните известувачи на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ќе подготват нацрт-резолуции за секоја земја поединечно.
Европската комисија воведува три значајни новини во овогодишниот Пакет за проширување – индикативни патокази за земјите што најбргу напредуваат кон членство, нов модел на постепена интеграција и посилен фокус на безбедносната димензија на проширувањето – изјави денеска на прес-конференција во Брисел еврокомесарката за проширување Марта Кос при презентацијата на Пакетот за проширување за 2026 година. Првата новина се однесува на индикативните патокази за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина, кои во изминатата година оствариле најголем напредок на патот кон членство во ЕУ. Според Кос, тие треба да обезбедат поголема предвидливост и да помогнат во насочувањето на пристапните преговори. Патоказот за Црна Гора ги опфаќа клучните чекори што таа треба да ги исполни до членството во Унијата, додека документите за Албанија, Молдавија и Украина ги содржат очекувањата и приоритетите за претстојната година.
Европската комесарка за проширување,Марта Кос, денеска ќе го претставиПакетот за проширување за 2026 година, во кој се содржани извештаите на Европската комисија за десет земји-кандидати за членство во Европската Унија. Пакетот, во кој Европската комисија ќе го оцени напредокот на секоја од земјите-кандидати, најпрво ќе им биде претставен на членовите на Комитетот за надворешни работи (AFET) при Европскиот парламент. Потоа, постојаните известувачи на AFET ќе подготват посебни резолуции за секоја земја, во кои ќе бидат содржани ставовите и препораките на Европскиот парламент за нивниот пат кон членство во Унијата.
Дијалогот што во моментов се води во врска со отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на Европската Унија, а македонските позиции се јасни и принципиелни, истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со швајцарскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Игнацио Касис, во врска со изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос дека се работи на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, Муцунски рече дека процесот се одвива и на европско ниво со поддршка и од земјите членки. „Во однос на прашањето со Бугарија, мислам дека прилично јасно кажавме дека во моментов работиме на дијалог, за кој, како што слушнавте од претставниците на Европската унија, имаме поддршка и од европските институции и од земји членки“, изјави Муцунски.
Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија. Сакам во позитивна смисла да истакнам како Хрватска и Црна Гора се справуваат справуваат со билатералните прашања. Сакам да им се заблагодарам на премиерот Пленковиќ и на премиерот Спајиќ што разговараат меѓусебно, што седнаа на иста маса и што наоѓаат решенија за билатералните прашања.
Во вчерашното интервју за ТВ Словенија, еврокомесарката за проширување, Марта Кос се осврна на отворените билатерални прашања, а како пример ги наведе барањата на Хрватска кон Црна Гора. Кос кажа дека ниту една земја не може да напредува во пристапувањето кон ЕУ, доколку не ги реши и отворените билатерални прашања. Слушајте радио во живо -Станува збор за начинот на кој потоа се решаваат овие актуелни прашања, кои не се секогаш дел од процесот на преговори за влез во Европската Унија.
Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија. Сакам во позитивна смисла да истакнам како Хрватска и Црна Гора се справуваат со билатералните прашања. Сакам да им се заблагодарам на премиерот Пленковиќ и на премиерот Спајиќ што разговараат меѓусебно, што седнаа на иста маса и што наоѓаат решенија за билатералните прашања.