Бугарската држава низ историјата секогаш наоѓала истомисленици во Македонија, а денес таквите политики ги препознава кај претставници на СДСМ, порача пратеникот Љупчо Пренџов во гостувањето во „НАТКАСТ“ кај Љупчо Цветановски. Пренџов, говорејќи за односите меѓу Македонија и Бугарија и актуелните политички случувања, оцени дека обидите на Софија да влијае врз македонските национални прашања низ историјата имале поддржувачи и во самото македонско општество. Секогаш кога Бугарија доаѓала на овие простори, секогаш кога се обидувала да изврши каква било асимилација, за жал, и тогаш и сега, имала сојузници меѓу нас Македонците, истакна Пренџов.