Србија најверојатно нема да го спои својот пазар на електрична енергија со пазарот на Европската Унија во првиот… Србија најверојатно нема да го спои својот пазар на електрична енергија со пазарот на Европската Унија во првиот квартал од 2028 година, како што претходно беше планирано, а пореален рок сега е првиот квартал од 2029 година. Ова го изјави извршниот директор на српската берза за електрична енергија SEEPEX, Милош Младеновиќ , на енергетска конференција во Србија. „Ако сме оптимисти, првиот квартал од 2029 година е пореален“, рече Младеновиќ . Според него, одложувањето е поврзано со административна постапка која Европската комисија досега не ја оценила како задоволителна.