Најмалку 12 лица загинаа, а 309 беа повредени во нападот на меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во главниот град на Саудиска Арабија, објави ноќта кон неделата главната управа за цивилно воздухопловство на кралството (GACA). „По претходната изјава во врска со нападот на меѓународниот аеродром ‘Крал Калид’ во Ријад, GACA појаснува дека во нападот загинале 12 лица, Најмалку 12 лица загинаа, а 309 беа повредени во нападот на меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во главниот град на Саудиска Арабија, објави ноќта кон неделата главната управа за цивилно воздухопловство на кралството (GACA). „По претходната изјава во врска со нападот на меѓународниот аеродром ‘Крал Калид’ во Ријад, GACA појаснува дека во нападот загинале 12 лица, вклучувајќи четворица државјани на Саудиска Арабија и жители од следниве националности: двајца Бангладежани, еден Американец, еден Египќанец, еден Јорданец, еден Сириец, еден Палестинец и еден Суданец“, се вели во соопштението на агенцијата. „Нападот, исто така, резултираше со повреди на 309 лица, вклучувајќи ги и оние во критична состојба. Сите настрадани добиваат потребна медицинска помош во болниците“, се додава во соопштението.