Во главниот град на Албанија, Тирана четври ден по ред се оддржуваат масовни студентски протести. И покрај судрите со полицијата, приведените демонстранти и одбивањето на премиерот Еди Рама да поднесе оставка, младите порачуваат дека не се откажуваат од своие барања- реформи во високото образование и оствака на Рама . - Младите немаат никаква иднина овде во Албанија – всушност, и јас самиот, ако ништо не се промени, ќе си заминам; ќе си заминам и веројатно нема да се вратам, изјави Албин Даши, демонстрант. Сакаме Еди Рама да си замине, ве молам.