Изборната листа „Студентска листа - Студентите победуваат“ освои апсолутно мнозинство на предвремените парламентарни избори во Србија и ја прекина 14-годишната власт на Српската напредна партија (СНС), покажуваат конечните проекции на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) и агенцијата Ипсос врз основа на обработени 96 отсто од примерокот. Според овие податоци, победи Студентската листа со 52,9 отсто од гласовите или 140 пратенички мандати, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ освои 38,8 отсто од гласовите, односно 103 мандати. Под изборниот праг остана листата „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилност“ со 2,2 отсто, додека сите останати листи освоија помалку од еден отсто, меѓу кои и „Европска Србија“ и „Автентична десница“.