Белград
Србија
Кошутњак
Радио-телевизија Србија
Радио Белград
Радио-телевизија Србија
Радио Белград
Министерство за внатрешни работи
Илија Срдановиќ, носителот на студентската листа, вчера вечер ги повика граѓаните да останат смирени по инцидентите пријавени во близина на зградите на „Информер“ и „Пинк“ во Белград. View this post on Instagram. A post shared by Илија Љубисав Срдановић (@ilijasrd) „Почитувани сограѓани, ве молиме да останете смирени и достоинствени – како што бевте и досега – во текот на остатокот од изборниот процес, па и понатаму.
Дел од центарот на Белград е затворен за сообраќај, а изменети се и трасите на јавниот превоз на потегот од Славија кон Теразие, јавува агенцијата ФоНет. Со заштитни огради е блокиран делот од крстосницата кај Лондон кон Теразие, како и правецот од Теразие кон улицата „Крал Милан“. На терен е забележано и засилено полициско присуство.
Автобуси полни со припадници на жандармеријата влегле во зградата на Собранието на Србија, објавија дел од српските медиуми. Засилено полициско присуство има низ центарот на градот, особено пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК). @INinic Zandarmerija upravo u centru Beograda ! RIK vec satima BLOKIRAN. https://t.co/KI4HU6UyYl — GiorgioSanto (@GiorgioSanto9) October 25, 2026.
Припадници на српската Жандармерија со автобуси пристигнале во зградите на Собранието на Србија и Стариот двор во Белград, додека полициското присуство во центарот на градот е засилено. Специјални полициски сили се распоредени и пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), објави „Нова.рс“. Во центарот на Белград биле забележани и возила наменети за разбивање демонстрации, а на автопатот била забележана колона полициски комбиња.
Но, додека на Славија се славеше, во други делови на Белград се одржаа собири и протести пред медиумите кои со години во јавноста важеа за блиски до власта на Александар Вучиќ. Незадоволството почна пред телевизијата „Информер “ каде што група демонстранти упадна во просториите и ја прекина програмата во живо. Главниот и одговорен уредник, Драган Вучиќевиќ, се соочи со гневните граѓани, кои бараа јавно да им се извини за досегашното известување, а дел од нив му упатуваа навреди.
Најновите вести за изборите во Србија следете ги ОВДЕ . Драган Ј. Вучиќевиќ, главниот уредник и сопственик на српскиот таблоид „Информер“, утрово дошол на гласање со сопругата, но додека чекал во редот на избирачкото место, дел од присутните почнале да го провоцираат. Според српскиот портал „Нова.рс“, неколкумина граѓани почнале да имитираат ржење на коњ, на што други присутни реагирале со аплауз. Во видеоснимката се слушаат и дофрлувања како „Гледај колку те сакаат луѓето“ и „Убаво му почна утрото“.
Група од неколку десетици граѓани вечерва упадна во редакцијата на таблоидот и телевизијата Информер.рс за време на програмскиот сегмент Колегиум, кој се емитува во живо. ТВ Информер важи за едно од главните пропагандни гласила на српскиот претседател Александар Вучиќ. Меѓу граѓаните кои влегоа во телевизијата беше и Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, кој загина при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и главниот и одговорен уредник на телевизијата и порталот „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, се огласија по упадот на група граѓани во просториите на медиумот во Белград. Вучиќ го осуди инцидентот, оценувајќи го како напад врз слободата на изразување и новинарството, додека Вучиќевиќ изнесе тврдења за насилство, оштетување на имотот и обид за прекинување на телевизиската програма. Александар Вучиќ изјави дека случувањата во „Информер“ претставуваат сериозен инцидент и напад врз слободата на јавното изразување.
Студентската листа преку отворено писмо побара оставки од раководството и главните уредници на Радио-Телевизија Србија.. Во исто време, повеќе граѓански организации и медиумски здруженија во Србија поднесоа до Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) иницијатива за одземање на лиценцата за емитување на ТВ Информер, поради како што се наведува, долгогодишно кршење на медиумските закони и професионалната етика, во корист на актуелната влада. По упадот на поголема група граѓани во Информер, доскорешниот претседател Александар Вучиќ предупреди дека ако државата не реагира, тие како партија, ќе ја преземат правдата во свои раце.
Независното здружение на новинари на Србија (NUNS) објави дека денес до Регулаторната управа за електронски медиуми (REM) ќе биде поднесена иницијатива за одземање на лиценцата за емитување на ТВ Информер. Како што соопшти NUNS, иницијативата ќе биде поднесена во 14 часот, а ќе ја поднесат организации од граѓанското општество, медиумски здруженија и претставници на студиите по новинарство на универзитетите во Белград, Нови Сад и Ниш. „Иницијативата е одговор на долгогодишните систематски прекршувања на законот и програмските обврски што REM досега не ги санкционирал“, нагласи NUNS во соопштението.
Студентите собрани во иницијативата „Студенти во блокада“ им порачаа на граѓаните на Србија да не ги поддржуваат упадите во медиумите и институциите. Тие најавија дека за слободата на медиумите ќе се борат институционално, во Собранието, пренесе Н1. Студентите објавија дека „ја разбираат еуфоријата, емоциите и потребата, по сè низ што поминавме, конечно да се прослави победата“. Сепак, предупредија дека сега е важно да се задржат достоинството и одговорноста.
Студентската листа, победниците на предвремените парламентарни избори во Србија, ипратија отворено писмо до раководството на Радио-телевизија Србија (РТС), Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) и Народното собрание на Србија, барајќи итни оставки од генералниот директор, неговиот заменик и уредништвото на Информативната програма. „Граѓаните имаат право на вистинито, целосно и непристрасно информирање. Бараме одговорност од институциите и ослободување на јавниот сервис од политички влијанија “, се наведува во писмото.
По веста за разрешувањата на уредниците во Радио-телевизија Србија (РТС), водителот на централниот Дневник 2 прочита изјава од новиот уредувачки колегиум на информативната програма во која овие промени се оценуваат како „прва мерка за извинување“. Во обраќањето кон гледачите беше порачано дека ова се првите чекори кон оздравување на јавниот сервис, со ветување за враќање на довербата кај публиката, објави регионалната телевизија Н1. Според цитираната порака од водителот, новото раководство јавно им се извини на сите кои биле „изоставени во претходниот период“ од програмските содржини. Уредувачкиот колегиум нагласи дека претстои сериозна работа на содржините кои отсега ќе се креираат исклучиво во јавен интерес.
Осум уредници на Радио-телевизија Србија (РТС) се разрешени од функциите, меѓу нив и Горислав Папиќ, уредник на емисијата „Око“, и Зоран Станојевиќ, уредник на порталот на РТС, објави порталот Нова.рс. Нив ги разрешил Боривое Ускоковиќ, кој е назначен за в.д. главен уредник на Информативната програма. Ускоковиќ ја потврдил оваа информација за порталот Нова.рс. Денеска биле разрешени Зоран Станојевиќ, уредник на порталот на РТС; Весна Шиљеговиќ, уредничка на „Србија денес“ и на дописничката мрежа на РТС; Николина Ракиќ, одговорна уредничка на Утринската и белградската програма; Горислав Папиќ, уредник на емисијата „Око“; Сузана Гвозденовиќ, одговорна уредничка на „Програм“; како и Милица Недиќ, Душан Убовиќ и Ружа Јеремиќ Турудиќ, уредници на централниот Дневник што се емитува во 19:30 часот. Порталот Нова претходно денеска ги контактирал Папиќ и Станојевиќ и ги прашал дали ќе поднесат оставки, но тие не сакале да одговорат на прашањата.