Нападот се случил на плажата Ориент во градот КуГомпо, порано познат како Ист Лондон, јавува CBS. Полицијата била повикана на местото на настанот околу 7 часот наутро по локално време, каде што го пронашле телото на жена со отворени рани. Според локалните медиуми, жената редовно пливала на таа плажа, а во времето на нападот била во морето со група други пливачи.