Силно невреме денеска го погоди јужниот дел на Грција и предизвика поплави на островот Крит, при што две лица се повредени откако се урнал мост во моментот кога со автомобил минувале преку него во регионот на Ретимно, соопштија локалните власти. Повредените лица, брачен пар, со автомобил минувале преку мостот во Ливадија, планинско село на околу 40 километри југозападно од Ираклион, кога поројните поплави оштетиле дел од конструкцијата, пишува грчкиот портал „Екатимерини“. Силното невреме предизвикало поплави, прекин на електричната енергија и сериозни оштетувања на патиштата, а во неколку области биле затворени училиштата и градинките.