Србија
Македонија
Народна банка на Србија
Александар Вучиќ
Али Ахмети
Давор Мацура
Алта банка
Вреди
Народна банка на Србија
ДУИ
Опозициската СДСМ тврди дека преку „свиркачи“ добиле информации дека институции, нивни вработени и компании биле принудувани да работат преку Алта банка. Го повикаа премиерот Мицкоски да одговори на овие наводи. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ одговори со контраобвинувања.
Сакаме да направиме сублимат на она што се случуваше изминатите пет дена, поврзани со случувањата кај нашиот северен сосед, и денеска сакаме да зборуваме и да ги поставиме прашањата на коишто нашиот премиер Мицкоски упорно и упорно одбегнува да даде одговори. Сведочиме за громогласен молк од страна на премиерот, истакна на прес-конференција Андреј Жерновски од СДСМ. Сведочиме, вели тој, за молчење, за сето она што се случува по падот на неговиот ментор Вучиќ.
Повикувајќи се на информации од свиркачи СДСМ обвинува дека во изминатиот период им се сугерирало на институциите во Македонија да работат преку Алта Банка, за што бараат одговори од премиерот Мицкоски и гувернерот на Народната Банка Славески. Тврдат дека од централата во Белград до Скопје од српските избори до денес биле префрлени над 50 милиони евра, трансфери кои велат дека се дел од криминална мрежа со амин од власта, како попатна станица до Москва. „Можевме и вчера да го видиме на една дебата, односно не е дебата, туку гостување на телевизија, гледам еден уплашен политичар којшто зборува за сè, но не зборува за она што сите го прашуваат.
Венко го прати талогот Жерновски да нафрли лажни обвинувања, затоа што знае дека човек кој претставувал амбасадор без да биде акредитиран и не ја кажува вистината за мерцедесот, нема срам и да шири лаги пред целата јавност. И Венко и Жерновски знаат дека матните зделки завршија со нивниот пад во 2024 година, и всушност тоа е што ги боли, што повеќе не може да крадат пари со луѓето од Вучиќ со кои местеа милионски тендери, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ. Вистинскиот страв е кај неговиот шеф Венко, кој е свесен дека остатоците во обвинителството и судството не може вечно да го спасуваат од криминалите како што имаа обид да го спасат за модуларната.
ВМРО-ОКГ е директно врзана за медиуми, телекомуникации и банка. Орбан контролира околу 40 проценти од медиумскиот простор. Нови медиуми на Вучиќ влегоа на пазарот: Ало група, Информер и Euronews.
„Во Србија тргна армагедонот, се распаѓа балканскиот картел, балканската мафија, тргна од Орбан, Вучиќ, следен е Христијан Мицкоски“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека настаните во Србија се потврда на предупредувањата што СДСМ ги упатува речиси една година, за влијанието на „српскиот свет“ и неговото поврзување со власта на ВМРО. „Во Србија тргна армагедонот.
Обвинителството да ги истражи околностите под кои бил дозволен влез на Алта банка во Македонија, да го провери потеклото на капиталот и трансакциите во банката – повика претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче. Откако побара надзорна расправа во Собранието и најави интерпелација за гувернерот на Народната банка, Филипче го впери прстот кон премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот Трајко Славески за тоа што илјадници луѓе се доведени во ситуација да немаат пристап до нивните пари. Надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните, уверуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што ја обвинија опозициската СДСМ за двојни стандарди, потсетувајќи на случајот со Еуростандард банка, кога не била воведена администрација туку директно ја одзеле дозволата за работа на банката.
Четворицата вицегувернери на Народната банка на Србија го повикаа надлежното јавно обвинителство да ги утврди сите факти и околности поврзани со одземањето на дозволата за работа на Алта банка, пренесува Данас. Алта банка е во сопственост на бизнисменот Давор Мацура, кому во средината на октомври не му беше дозволен влез во Црна Гора од причини поврзани со националната безбедност, поради што беше вратен од аеродромот во Подгорица. Во соопштението вицегувернерите бараат обвинителството без одлагање да ги испита околностите што довеле до одземање на дозволата на 31 октомври, како и евентуалната кривична одговорност на функционери во Народната банка на Србија.
СДСМ бара одговорност од гувернерот и премиерот за носењето на Алта банка во Македонија СДСМ бара од Народната банка веднаш да упати контрола во Алта банка во Битола и да ги суспендира гласачките прав.
Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка. Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа.
Откако Извршниот одбор на Народната банка на Србија соопшти дека во саботата рано наутро на Алта банка ѝ е одземена дозволата за работа и дека отишла во стечај, полицијата во следните повеќе од 30 часа вршеше претрес во просториите на оваа приватна финансиска институција. Познатиот бизнисмен, кој тесно соработувал со СНС, својот вртоглав деловен успех го постигнал токму благодарение на таа соработка, а финансискиот врв го достигнал релативно неодамна, кон крајот на 2025 година, пишува Нова.рс . Тогаш станал член на Извршниот одбор на Олимпискиот комитет на Србија, со што им се приклучил на многубројните стопанственици блиски до власта што влегле во управните тела на спортски клубови или организации. Со кој спорт се занимавал и колку бил активен, не е познато.
Името на српскиот бизнисмен Давор Мацура за кратко време стана регионална тема откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta banka a.d. Beograd. Зад една банкарска одлука стои многу поголема деловна приказна: мрежа која започнала со менувачница во Земун се проширила во платежните услуги и банкарството, а потоа влегла во малопродажбата, недвижностите и регионалниот финансиски пазар. Народната банка на Србија соопшти дека дозволата била одземена вчера, по контролни активности и привремена мерка, поради значително влошување на финансиската состојба и ризик за ликвидноста на банката.
Претходно, полицијата повеќе од 30 часа, односно од саботата, вршела претрес во просториите на Алта банка, на која во раните утрински часови во саботата Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа, по што бил прогласен стечај. Наскоро повеќе информации. Извор: Б92.
Сопственикот на „АЛТА банка“, Дамир Мацура, кој во српската јавност се смета за близок до владата на заминување на Српската напредна партија (СНС), е уапсен со уште двајца соработници под сомнение за изнесување околу 45 милијарди динари, во вредност од околу 380 милиони евра, од трезорот на банката, објави во понеделникот српското обвинителство за организиран криминал (ЈТОК). Апсењата се случија помалку од 48 часа откако Народната банка на Србија (НБС) ја одзеде лиценцата за работа на „АЛТА банка“ и покрена постапка за стечај во саботата, една седмица по парламентарните избори на кои српскиот претседател Александар Вучиќ го призна поразот на неговата листа околу СНС и победата на Студентската листа. Според белградските медиуми, сопственикот на „АЛТА банка“, Давор Мацура е близок до СНС, изградил бизнис империја од сопственик на менувачница за време на владеењето на „напредњаците“ и станал еден од најбогатите луѓе во Србија. Тој неодамна стана сопственик на компанијата „IDEA Market“, во кој се наоѓаат и водечките српски синџири маркети „Roda“ и „Merkator“, како и други вкупно пет компании сите во сопственост на „Fortenova Group“ од Хрватска.
Затворањето на „Алта банка“ во Србија предизвика сериозни проблеми за илјадници руски емигранти кои преку оваа финансиска институција ги чувале заштедите, примале плати и ги вршеле секојдневните плаќања. Откако Народната банка на Србија на 30 октомври ѝ ја одзеде дозволата за работа на банката, сметките на клиентите беа замрзнати, оставајќи ги без пристап до сопствените средства. Според рускиот независен портал „Медуза“, дел од клиентите таму ги чувале парите добиени од продажба на недвижности во Русија, додека други преку банката примале приходи од странство и воделе бизниси.
Српската централна банка ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка, финансиска институција што ја користеле руски државјани и компании, а која се најде под меѓународна лупа поради сомневања за перење пари, пишува Фајненшл Тајмс (ФТ). Одлуката доаѓа помалку од една недела откако долгогодишниот српски лидер Александар Вучиќ ги загуби изборите од студентското движење….