Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари билатерална средба со министерот за правда на Ирска, Џим О’Калахан, во рамките на Министерскиот форум ЕУ–Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржува во Будва, Црна Гора. Во фокусот на средбата беа продлабочувањето на соработката меѓу двете земји и поддршката на Ирска за процесот на европска интеграција. Министерот Шасивари изрази искрена благодарност за континуираната поддршка на Ирска за нашата земја, како и за нејзиниот ангажман за време на претседавањето со Советот на ЕУ, нагласувајќи ја важноста од продолжување и зајакнување на ова партнерство.