Бројот на жртви во рускиот воздушен напад врз селото Комишувас, во Запорошкиот регион, во југоисточна Украина се зголеми на 31, додека речиси 50 лица се уште се водат за исчезнати, објави денесла вршителот на должноста гувернер на Запорожје, Михаило Семикин. „Според најновите податоци, 31 лице е убиено, пет лица се повредени, додека речиси 50 се водат како исчезнати“, рече Семикин, пренесе Укринформ. Тој изјави дека руската армија вчера извршила најмалку девет воздушни напади врз селото, во време кога луѓето примале хуманитарна помош во центарот за поддршка на населението.