Комунистичките тајни служби се обиделе да го регрутираат Виктор Орбан како доушник додека служел војска, но тој одбил да соработува, по што бил ставен под постојан надзор, тврди поранешниот унгарски премиер. Орбан објави документи од 1982 година и од крајот на 1980-тите, само 1 ден пред Унгарија да почне јавно да ги објавува досиејата на комунистичката државна безбедност, јави Ројтерс . „На почетокот на воениот рок се обидоа да ме регрутираат, но јас одбив, па обидот беше неуспешен“, напиша Орбан на Фејсбук. Според него, тајните служби потоа го следеле него, неговата сопруга и неговите политички соработници.