„За Бугарија во сигурни раце“, „За стабилна и сигурна Бугарија“, „Поинаков избор“, „Претседател на народот“, „Одговорност без оправдување“ – пораките од предизборните билборди се обидуваат да го привлечат вниманието на граѓаните во пресрет на утрешното гласање на претседателските избори во Бугарија. Но, додека кандидатите испраќаат пораки за сигурност, стабилност и промена, дел од луѓето со кои разговаравме на софиските улици повеќе зборуваат за замор од избори и за потребата земјата конечно да добие политичка предвидливост. Во центарот на Софија, предизборната кампања е видлива на големите булевари, крстосниците и покрај секојдневните маршрути на граѓаните.