Денеска, по иницијатива на Координаторот на Канцеларијата на ОН во Скопје ,г-ѓа Рита Колумбија за Денеска, по иницијатива на Координаторот на Канцеларијата на ОН во Скопје ,г-ѓа Рита Колумбија заедно со членовите од нејзиниот тим во соработка со Секторот за локален економски развој и Секторот за образование се разговараше за можноста за отварање на младински иновативни хабови. Ова е со цел да се поттикне претприемаштвото, креативноста и иновативноста кај помладите генерации. Сето ова би се реализиралo со поддршка од Општина Кавадарци, бизнис секторот, средношколците како и незаменлива поддршка од страна на Канцеларијата на ОН. Како град со најмлада популација во државата, според официјалните демографски податоци Кавадарци е вистинското место за отпочнување на ваков проект, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.