На јавната расправа по Предлог Просторниот план 2020-2040 година што денеска се одржа во Штип, меѓу изнесените состојби, планови и проекции, главната загриженост беше податокот дека на овој простор може да произлезат пет рудници. Денешната расправа вчера во Пробиштип иницира свикување на итна седница по барање на дел од советниците кои инсистирале општината отворено да се изјасни дали е за отворање на рудници. Во Предлог Просторниот план, кој е прв ваков документ по повеќе од 20 години, во источниот регион се исцртани пет точки со минерални наоѓалишта, како потенцијални рудници.