Регионалната поврзаност на Западен Балкан е геополитичка неопходност и директен заеднички одговор… Регионалната поврзаност на Западен Балкан е геополитичка неопходност и директен заеднички одговор за зачувување на севкупната стабилност на Европа, оцени денеска германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, посочувајќи дека отпорноста на инфраструктурата, кибербезбедноста, економската стабилност, климатската подготвеност и владеењето на правото се меѓусебно поврзани елементи на современата безбедност. Говорејќи на панел-дискусијата на тема „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“, Дрекслер посочи дека економскиот раст, критичната инфраструктура и безбедноста се меѓу приоритетните теми и на денешната средба на европските и регионалните лидери во Црна Гора, во рамки на Берлинскиот процес. Мислам дека ова докажува една работа, регионалната поврзаност повеќе не е само економска придобивка, туку геополитичка неопходност.