Просечната месечна нето плата во Хрватска во јули 2026 година изнесуваше 1.540 евра и беше номинално за еден процент пониска отколку во јуни, а во реалност, земајќи ја предвид инфлацијата, за 0,8 проценти, објави Централниот завод за статистика (CBS), пренесува Индекс.хр. Во споредба со минатиот јули, просечната исплатена нето плата беше номинално за 7,2 проценти повисока, а во реалност за … Просечната месечна нето плата во Хрватска во јули 2026 година изнесуваше 1.540 евра и беше номинално за еден процент пониска отколку во јуни, а во реалност, земајќи ја предвид инфлацијата, за 0,8 проценти, објави Централниот завод за статистика (CBS), пренесува Индекс.хр. Во споредба со минатиот јули, просечната исплатена нето плата беше номинално за 7,2 проценти повисока, а во реалност за 3,2 проценти. Највисоката просечна плата е исплатена овој јули во секторот за воздушен транспорт и изнесува 2.398 евра, според соопштението на CBS, додека најниската, во износ од 1.005 евра, е исплатена во секторот за производство на облека. Просечната месечна бруто плата во јули изнесуваше 2.164 евра, што е номинално пониско за 0,9 проценти и реално за 0,7 проценти во споредба со претходниот месец.