Американските берзи ја завршија петочната сесија, 30 октомври, со остар пад, откако новите деловни резултати и прогнози го засилија стравот дека ентузијазмот околу вештачката интелигенција ги подигнал цените на технолошките акции над оправданото ниво. S&P 500 го забележа најлошиот ден од јуни, а најсилно беше погоден технолошкиот сектор, пренесуваат АП и CNN. Индексот Nasdaq падна за 2,9% , додека S&P 500 загуби 1,8%. Dow Jones се спушти за 572 поени, односно 1,1%. S&P 500 заврши на 7.580,07 поени, Nasdaq на 25.437, а Dow Jones на 51.770,31 поени.