Пратеничката од СДСМ и претседателка на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот, нагласи дека вториот ребаланс е потврда за погрешното планирање и погрешните економски политики на власта, не носи фискална консолидација, туку го задржува зголемениот дефицит, јавниот долг останува на високо ниво, а за граѓаните нема мерки, се вели во соопштението од СДСМ. „Пред неколку месеци токму од оваа говорница , на оваа Комисија за првиот Ребаланс на Буџетот за 2026 предочив дека, тогашниот Ребаланс е одраз на погрешно планирање. И тогаш и денес логично се поставува истото прашање – „ Кој дел од првичниот Буџет беше погрешно планиран: приходите, расходите, дефицитот или сите три заедно?