Во јули и во август инфлацијата во земјава беше пониска од европскиот просек, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, во однос на проценките за движењето во иднина. Па видете, ние имаме два месеца коишто нѐ охрабруваат — тоа се јули и август. Во јули беше 2,3%, во август беше 2,6%, во услови кога во Европа во јули беше 2,9%, а во август 3,2%. Се сеќавате пред четири години, кога исто така имаше енергетска криза, нѐ убедуваа дека тогаш двојно поголемата инфлација кај нас споредена со таа во Европската Унија била затоа што била увезена инфлацијата, рече тој.