Народната банка постојано работи на унапредување на квалитетот, опфатот и навременоста на податоците, постигнувајќи висока усогласеност со меѓународните стандарди, беше истакнато на средбата на гувернерот д-р Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставниците на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка што Народната банка постојано работи на унапредување на квалитетот, опфатот и навременоста на податоците, постигнувајќи висока усогласеност со меѓународните стандарди, беше истакнато на средбата на гувернерот д-р Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставниците на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка што се одржаа во Бангкок. На средбата се разговараше за соработката со ММФ во повеќе области којашто придонесува за високо ниво на зајакнати статистички и аналитички капацитети на Народната банка. Во рамки на разговорите, посебен акцент беше ставен на резултатите од големата ревизија на статистиката на платниот биланс и финансиските сметки, спроведена во текот на 2026 година.