Со фокус на иднината на трговијата, промените во потрошувачките навики и можностите што ги отвораат новите технологии, вчера, 29 октомври, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа 12. FMCG самит, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Настанот е посветен на поврзувањето и размената на знаења меѓу производителите, трговците, дистрибутерите и професионалците од секторот за стоки за широка потрошувачка. Годинешното издание понуди програма насочена кон прашањата што го обликуваат секојдневното работење на компаниите: како да се препознаат новите можности за раст, како стратегијата да се претвори во конкретни резултати и како брендовите да останат релевантни во услови на сè посилна конкуренција.