Во текот на програмата, учесниците ќе имаат можност да учат од искусни предавачи и практичари, да Во текот на програмата, учесниците ќе имаат можност да учат од искусни предавачи и практичари, да работат на конкретни задачи и реални предизвици, да разменуваат идеи и да стекнат искуство кое ќе можат да го применат во својата понатамошна работа. Програмата е организирана во пет модули, посветени на: * лидерство, тимска работа и организација; * комуникациски и медиумски вештини, јавен настап и нови дигитални алатки; * јавни политики, институции и процесот на донесување одлуки; * финансии, буџетирање и економски показатели; * политички менаџмент, организација и кампањи. Посебен дел од Академијата ќе биде менторската програма, преку која секој учесник ќе има можност директно да работи со искусен ментор.