Над три милиони луѓе (60% од возрасната популација на земјата) останаа без опна што го имаат во банка, откако поради несолвентност, преку ноќ затвори банката Уено. Банкарски сметки, плати, пензии... замрзнати и недостапни а луѓе излегоа на улици за да протестираат. Осум директори на банката, вклучително и основачот и претседателот на банката се притворени а првиот човек на парагвајската централна банка, Карлос Каваљо, длабоко поврзан со Уено, поднесе оставка.