Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Се работи и на создавање услови за пуштање во употреба на домашните гасоводни делници.
„На Клечовце–Неготино и Неготино–Битола, според доставените материјали, се спроведуваат активности за сервисирање, проверка на интегритетот и сушење, по што е предвидено тие да продолжат и на Скопје–Тетово–Гостивар.
Паралелно се подготвува интерконекторот со Србија, со предвидена должина од 23 километри на македонска територија.
„По договорот од 27 август 2026 година започнати се активности за дефинирање на трасата и проектирање.
„Изградбата на интерконективниот гасовод со Грција, подготовката на гасното поврзување со Србија и активностите за оспособување на изградените домашни делници се конкретните процеси преку кои продолжува развојот на гасната инфраструктура во Македонија.