Партијата Левица реагира на барањето на МЕПСО за речиси двојно зголемување на тарифата за пренос на електрична енергија, потенцирајќи дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ги штити граѓаните, а не монополите. Во услови на веќе зголемени сметки за парно, новиот предлог би значел трет пораст на трошоците во една година и дополнителна неизвесност за домаќинствата во грејната сезона „За промена, бараме РКЕ да биде регулатор, а не сервис за енергетските монополи. МЕПСО бара тарифата за пренос на електрична енергија да се зголеми за речиси 100% ! Во исто време, за 2027 година бара регулиран приход од околу 3 милијарди денари, наспроти речиси 2 милијарди денари одобрени за 2026 година, иако во пресметките има ПОМАЛА количина електрична енергија што ќе поминува низ преносната мрежа“, велат од партијата Левица.