Во услови на најголемата светска енергетска криза премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата да се движи меѓу 3,5 и 4 отсто на крајот од годината. Тоа, според него, го покажуваат сите индикатори и за третиот квартал, кога инфлацијата е 2,5 отсто и е најниска во регионот, а и една од најниските во Европа, каде просекот е над 3 проценти за истиот период. Одговарајќи на дополнително прашање на пратеничката Драгана Бојковска од ВМРО - ДПМНЕ на собраниска седница посветена на пратеничките прашања, за споредба на економските параметри во земјава и регионот, Мицкоски појасни дена Македонија има најниска инфлација ако се анализираат Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, Србија, Албанија, Грција, Бугарија, Романија и Турција.