Тој посочи дека вкупниот промет на Македонската берза заклучно со 15 септември изнесува околу 89,8 милиони евра, што е околу осум отсто помалку од истиот период лани. Класичното тргување е намалено за 27 отсто, додека блок-трансакциите се зголемени за околу 159 отсто. МБИ10 на 15 септември изнесувал 9.151 поен, што е за 8,9 отсто помалку.