Економистот и директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Арбен Халили очекува Народна банка да биде… Економистот и директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Арбен Халили очекува Народна банка да биде повнимателна со идни намалувања на каматните стапки, а не е исклучено да има и одредени затегнувања. Тој за „Локално“ дава свое видување за тоа како одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да ги зголеми трите главни каматни стапки за 0,25 процентни поени. Оваа одлука ЕЦБ ја донесе поради продолжувањето на инфлациските притисоци што се поврзуваат со конфликтот на Блискиот Исток.