Енергетската транзиција, развојот и модернизацијата на електроенергетската мрежа, интеграцијата на обновливите извори, складирањето на енергија и развојот на… Енергетската транзиција, развојот и модернизацијата на електроенергетската мрежа, интеграцијата на обновливите извори, складирањето на енергија и развојот на современи пазари на електрична енергија се меѓу клучните теми на Меѓународната конференција „Енергетика 2026“, која од 24 до 26 септември се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичари на Македонија – ЗЕМАК. Конференцијата ги обединува претставници на институциите, енергетските компании, инвеститори, регулатори, академската и инженерската заедница, како и домашни и меѓународни експерти. Целта е размена на знаења, искуства и практики за производство на електрична енергија, енергетската транзиција и одржливиот развој, но и отворање прашања поврзани со идниот развој на енергетскиот сектор во земјата и регионот.