Обраќајќи се пред Генералното собрание на ОН, Пармелин рече дека меѓународниот поредок воспоставен по Втората светска војна се соочува со сериозни предизвици, наведувајќи го зголемувањето на бројот на конфликти, кршењето на основните принципи на Повелбата на ОН, климатските промени, хуманитарните кризи, нееднаквоста и брзите технолошки промени, се наведува на веб-страницата на ОН. Тој предупреди дека Обраќајќи се пред Генералното собрание на ОН, Пармелин рече дека меѓународниот поредок воспоставен по Втората светска војна се соочува со сериозни предизвици, наведувајќи го зголемувањето на бројот на конфликти, кршењето на основните принципи на Повелбата на ОН, климатските промени, хуманитарните кризи, нееднаквоста и брзите технолошки промени, се наведува на веб-страницата на ОН. Тој предупреди дека довербата е ослабена и во глобалната економија, наведувајќи го растот на протекционизмот, реорганизацијата и фрагментацијата на синџирите на снабдување и слабеењето на мултилатералниот трговски систем. „Овде не станува збор само за техничко прашање на трговската политика. Прашањето е дали односите меѓу државите и понатаму ќе бидат регулирани со заеднички правила или сè повеќе ќе зависат од тежината и моќта на секоја поединечна држава“, рече Пармелин.