На почетокот на октомври 2020 година, на настан во Музејот на Акропол, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Мајкрософт најави изградба на дата центар во Грција, прв во земјата, но и во поширокиот регион, а денес, речиси шест години подоцна, во земјата, според достапните новинарски податоци, функционира 21 дата центар, што е во рамките. На почетокот на октомври 2020 година, на настан во Музејот на Акропол, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Мајкрософт најави изградба на дата центар во Грција, прв во земјата, но и во поширокиот регион, а денес, речиси шест години подоцна, во земјата, според достапните новинарски податоци, функционира 21 дата центар, што е во рамките на владината стратегија, презентирана во март годинава за можностите на Грција „да се развие во важен регионален хаб за развој на центри за податоци и движење на дигитални услуги“. По меморандумот потпишан во четвртокот меѓу грчката национална компанија за електрична енергија (ДЕИ) и Амазон Веб Сервисис (Amazon Web Services AWS), со кој се одредува рамката, Грција ќе добие уште еден дата центар, овој пат во северозападниот дел на Грција во близина на Кожани што во почетната фаза ќе располага со 300 мегавато влезна електрична моќност, со перспектива во иднина да се прошири и до еден гигават.