Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола… Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов, во гостувањето на една од националните телевизии, говореше за актуелната состојба во пензискиот систем, начинот на усогласување и исплата на пензиите, финансиските текови во Фондот, како и за потребата од системски реформи, со цел обезбедување долгорочна одржливост на пензискиот систем. Мемов посочи дека една од клучните слабости што се детектирани во изминатиот период е методологијата за пресметка на пензиите, која, според анализите на Фондот, не создава доволен мотив за редовно и целосно плаќање на придонесите. „Суштината на проблемот е во тоа што постојната методологија не го вреднува во доволна мера реалниот вкупен придонес на осигуреникот во текот на работниот век.