Левица ја критикува коцкарската индустрија во Македонија, наведувајќи дека граѓаните потрошиле речиси 1,6 милијарди евра во коцкарски активности само во првите шест месеци од годината, што доведува до економска сиромаштија и задолжување преку брзи кредити, додека власта не презема ефективни мерки. Податоците на Управата за јавни приходи уште еднаш покажуваат дека Левица беше единствената политичка партија која отворено застана против коцкарската индустрија . Само во првите шест месеци од годинава, граѓаните на Македонија и странските државјани потрошиле речиси 1,6 милијарди евра во казина, автомат-клубови и обложувалници. Секоја година коцкарскиот бизнис станува поголем, а секоја година народот станува посиромашен, посочуваат од Левица.