Компаниите членки на Стопанската комора со години укажуваат дека постојат многу неработни денови во државата и тоа им создава одредени проблеми од финансиска и организациска природа, рече Анета Димовска од Стопанската комора на Македонија во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Сите анкети што сме ги правеле дури Компаниите членки на Стопанската комора со години укажуваат дека постојат многу неработни денови во државата и тоа им создава одредени проблеми од финансиска и организациска природа, рече Анета Димовска од Стопанската комора на Македонија во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Сите анкети што сме ги правеле дури укажуваат на тоа дека компаниите не се толку погодени од финансиската природа заради тоа што треба да исплатуваат зголемени дневници за работа во празник, колку што се погодени од тоа дека имаат опортунитетен трошок заради неможноста да ги завршат работите пред, условно речено, органите на државната управа, банки, итн. кога станува збор за неработни денови“, рече Димовска . Таа посочи дека е извршен увид во бројот на празници во еврппските држави, пришто биле анализирани 35 европски држави, дел членки на ЕУ, дел не. „Дојдовме до следниот заклучок, кај нас 11 неработни денови се неработни за сите граѓани во државата, додека за различни заедници, делови од народи или припадници на одредени верски заедници постојат и други празници кои што се дополнително неработни.