ТикТок, Јутјуб, Инстаграм, интернет-платформите станаа омилени играчки на денешните деца и наместо… ТикТок, Јутјуб, Инстаграм, интернет-платформите станаа омилени играчки на денешните деца и наместо игра, слободното време сè почесто го исполнуваат со дигитални содржини, кои не секогаш се соодветни за нивната возраст. Ова ја наметнува потребата да се размисли и анализира дали Македонија, по теркот на ЕУ, треба да го ограничи пристапот до социјални мрежи за деца под 13 години, сметаат експертите. Новиот начин на живот носи нови предизвици како за родителите, така и за целото општество.