Француската меѓуресорска агенција за дигитални работи (ДИНУМ) во април објави директива со која секое министерство и неговите тела се обврзуваат до есента 2026 година да поднесат план за излез од неевропските дигитални зависности во осум категории: работни станици и оперативни системи, алатки за соработка, антивирусен софтвер, вештачка интелигенција, бази на податоци, виртуелизација, клауд инфраструктура и Француската меѓуресорска агенција за дигитални работи (ДИНУМ) во април објави директива со која секое министерство и неговите тела се обврзуваат до есента 2026 година да поднесат план за излез од неевропските дигитални зависности во осум категории: работни станици и оперативни системи, алатки за соработка, антивирусен софтвер, вештачка интелигенција, бази на податоци, виртуелизација, клауд инфраструктура и мрежна опрема. ДИНУМ, агенцијата што ја координира дигиталната политика на целата државна администрација, од сајбер безбедноста до јавните набавки на софтвер, самата послужи како пилот-проект, а нејзините вработени беа првите што се префрлија од Виндоус на Линукс. Сè почна од моментот кога Мајкрософт, по извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп од февруари 2025 година, го оневозможи пристапот до е-поштата на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан, кој потоа се префрли на швајцарската Протон мејл.