Светската економија се соочува со истовремени притисоци од негативен шок врз понудата на енергија и позитивен шок врз… Светската економија се соочува со истовремени притисоци од негативен шок врз понудата на енергија и позитивен шок врз побарувачката поттикнат од брзиот развој на вештачката интелигенција, предупреди директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева . Во говорот во Сингапур, пред годишните средби на ММФ и Светската банка, Георгиева посочи дека светската економија мора да се справи со три силни и меѓусебно поврзани фактори и тоа, забрзаното ширење на вештачката интелигенција, високите цени на енергијата и рекордните нивоа на јавниот долг. Според неа, глобалниот јавен долг наскоро би можел да надмине 100% од светскиот БДП, со што би достигнал нивоа невидени од периодот по Втората светска војна. Особено се издвојуваат развиените економии, кои имаат меѓу највисоките нивоа на јавен долг.