Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Гувернерот укажа и на појавата што ја забележале со зголемување на роковите за отплата на кредитите по заострувањето на мерките за купување втор и трет стан и оти половина од новоодобрените кредити годинава се со рок на отплата подолг од 25 години.
„Поради тоа, со најновите мерки, коишто ќе стапат во сила од 1 декември годинава, Народната банка го ограничува максималниот рок на отплата на кредитите за купување втор и следен стан од 30 на 25 години, додека за прво купување стан останува можноста за рок на отплата до 30 години.
Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.
„Народната банка останува посветена на олеснувањето на условите за купување прво живеалиште, а се очекува новите макропрудентни мерки, коишто ќе стапат во сила од 1 декември годинава, и понатаму да делуваат превентивно со цел поттикнување на одржливо задолжување на домаќинставата.