Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Светската банка активно ги поддржува активностите на Народната банка за интегрирање на домашниот финансиски систем во европската платежна инфраструктура, со посебен акцент на воспоставувањето национален систем за инстант плаќања, неговото регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирањето со ТИПС – системот за порамнување на инстант плаќањата на Европската централна банка.
По воведувањето на инстант плаќањата на домашниот пазар, следниот чекор ќе биде регионалното поврзување со платните системи на земјите од регионот и нивното интегрирање во поширокиот европски платежен простор.
„На тој начин ќе се создадат услови за инстантно извршување и на прекуграничните плаќања, што ќе придонесе за продлабочување на економските врски со регионалниот и европскиот пазар, зголемување на ефикасноста на плаќањата и поддршка на економскиот раст.
На средбите со високите претставници на Светската банка беше потврдено и значењето на долгогодишното партнерство во спроведувањето на повеќе проекти за кои Светската банка обезбедува техничка поддршка за Народната банка.
„Континуираната соработка придонесува за зајакнување на механизмите за одржување на финансиската стабилност, унапредување на регулативната и супервизорската рамка, развивање и спроведување макропрудентни политики, модернизација на платните системи и подобрување на управувањето со ризиците.
„Економија Гувернерот Славески на средба со високи претставници од Светската банка: поддршка за модернизација на платните системи и интеграција во европската платежна инфраструктура Објавено пред 16 ми Економија Гувернерот Славески на средба со високи претставници од Светската банка: поддршка за модернизација на платните системи и интеграција во европската платежна инфраструктура Објавено пред 16 ми.
Економија Гувернерот Славески на средба со високи претставници од Светската банка: поддршка за модернизација на платните системи и интеграција во европската платежна инфраструктура Објавено пред 16 ми Економија Гувернерот Славески на средба со високи претставници од Светската банка: поддршка за модернизација на платните системи и интеграција во европската платежна инфраструктура Објавено пред 16 ми.
„Модернизација на платната инфраструктура и инстант плаќања.