БДП во вториот квартал порасна 4,3%, а инфлацијата во третиот квартал се движи околу 2,5%. Бројките се позитивни - вистинскиот тест е колку од економскиот раст останува во семејниот буџет. Македонската економија во второто тримесечје од 2026. година забележала реален раст на БДП од 4,3% во однос на истиот период лани, додека ценовниот притисок во третиот квартал е значително понизок од стапките забележани во првата половина од годината. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги посочи овие показатели како доказ за економските резултати на Владата, оценувајќи дека земјата е меѓу европските економии со најсилен раст.