Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Третото издание на Business Leader на едно место обедини околу 600 претставници на македонската бизнис-заедница, институциите и дипломатскиот кор.
„На централната церемонија се обратија претседателот на Владата Христијан Мицкоски, генералниот извршен директор на Халкбанк Фатих Шахбаз и основачот на Business Leader Огнен Огненоски, а вечерта кулминираше со доделувањето на Business Leader признанијата за 2026 година.
Континуитетот на партнерството претставува доверба во идејата Business Leader да прерасне во платформа која го препознава, поврзува и афирмира успешниот македонски бизнис.
„На свечената церемонија ѝ претходеше конференцискиот дел на Business Leader 2026, посветен на економијата, технологијата, податоците, вештачката интелигенција и предизвиците со кои ќе се соочуваат компаниите во следните години.