Венко Филипче од СДСМ ја повикува власта да не посегнува по пензиските заштеди, истакнувајќи дека тоа може да предизвика граѓански револт поради влошената состојба во пензискиот фонд и растечкиот државен долг. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче , на прес-конференција во Собранието, заедно со пратеничката група, ја предупреди власта да не посегнува по парите од вториот пензиски столб. Тој порача дека обидот да се користат пензиските заштеди на граѓаните ќе предизвика граѓански револт . „Ги предупредувам дека ќе се соочат со граѓански револт . На крај памет да не им падне, како што најави директорот, дека е можно да се инвестирале парите од пензискиот фонд во некакви проекти тука во државата.