Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство, подготовката на новата Стратегија за енергетика и унапредувањето на законската регулатива во областите во надлежност на Министерството.
„Соговорниците ја потврдија подготвеноста за продлабочување на соработката и во унапредувањето на законската регулатива за јавно-приватно партнерство и концесии, области во кои придонесот на бизнис-заедницата е значаен за креирање функционални и применливи решенија.
„Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува да ја унапредува соработката со Стопанската комора и стопанството, со цел доследна имплементација на стратешките документи, подобрување на законската рамка и создавање услови за одржлив економски развој“, соопштија од Министерството.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува да ја унапредува соработката со Стопанската комора и стопанството, со цел доследна имплементација на стратешките документи, подобрување на законската рамка и создавање услови за одржлив економски развој – се потенцира во соопштението.
„МИНИСТЕРКАТА САЊА БОЖИНОВСКА ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ЗА СТРАТЕШКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА И РУДАРСТВОТО 20/10/2026 15:00 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Минист.