Американската компанија Нетфликс ќе отпушти околу 1.000 вработени, што претставува приближно шест проценти од нејзината работна… Американската компанија Нетфликс ќе отпушти околу 1.000 вработени, што претставува приближно шест проценти од нејзината работна сила, главно во секторите за развој на производи, технологија, човечки ресурси и правни работи. Акциите на Нетфликс по оваа вест пораснаа за еден процент пред отворањето на берзите во Соединетите Американски Држави, пренесува Волстрит журнал (WSJ). Според интерниот допис од раководството, работењето на Нетфликс е успешно и компанијата е на пат да ги оствари годишните финансиски цели. Извршните директори на компанијата, Тед Сарандос и Грег Питерс, наведоа во пораката до вработените дека ќе продолжат со големите инвестиции во областите што можат позабележително да ја унапредат услугата, да го поттикнат растот и иновациите, пренесе CNBC . Раководството, сепак, додаде дека остварувањето на тие цели бара повнимателно одредување на приоритетите при распределбата на ресурсите.