Мајк Тајсон, еден од најпознатите и најконтроверзните боксери на сите времиња, повторно е во центарот на вниманието благодарение на новата документарна серија „Tyson“, која пристигна на „Netflix“ Низ четири епизоди, серијата ги истражува неверојатниот подем, падот и обидот за нов почеток на човекот што ја одбележа историјата на боксот. Животот на Тајсон бил многу повеќе од нокаути, шампионски појаси и милиони долари. Зад сликата на непобедлив борец се криела приказна за тешко детство, насилство, загуба на луѓето што му биле потпора, зависност и скандали што ја одбележале неговата кариера.