Велика Британија мора „веднаш да се електрифицира“, но истовремено треба да има прагматичен пристап кон иднината на производството… Велика Британија мора „веднаш да се електрифицира“, но истовремено треба да има прагматичен пристап кон иднината на производството на нафта и гас во Северното Море, порача британската министерка за енергетика Миата Фанбуле х. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Фанбулех оцени дека исполнувањето на целите од Парискиот договор мора да биде прв приоритет, што, според неа, бара конкретни активности во самата земја. Нејзините изјави доаѓаат во период кога британската влада треба да одлучи за иднината на два спорни проекти за производство на фосилни горива во Северното Море – „Роузбанк“ и „Џекдау“. Нивната иднина беше доведена во прашање по судска одлука од минатата година.