Американскиот технолошки гигант Apple уште во 2011 година започнал да ја истражува технологијата за електронски уреди на преклопување, но дури 15 години подоцна го претстави својот прв преклопен телефон, iPhone Duo, чија почетна цена изнесува 1.999 долари. Извршниот директор на Apple, Џон Тернус, во интервју за магазинот TIME откри дека уште во 2011 година, заедно со петмина инженери, поднел патентна пријава за технологија на преклопување, со која се истражувале можностите за вградување батерии и електронски компоненти во вакви уреди. Иако конкурентите, со години нудат телефони на преклопување, Apple одлучил да не брза со претставувањето на својот модел.