Основачот на технолошкиот гигант Мајкл Дел го зголеми своето богатство за 4,3 милијарди долари за само еден ден, благодарение на силниот раст на технолошките акции на берзите. Богатството на основачот на компанијата „Dell Technologies“, Мајкл Дел, во понеделникот се зголеми за дури 4,3 милијарди долари, по силното закрепнување на технолошките акции на берзите. Со овој скок, Дел повторно го престигна извршниот директор на компанијата „Meta“, Марк Закерберг, на листата на најбогатите луѓе во светот и го зазеде петтото место на планетата.